Шведска нуди село на продажба

Пандемијата од коронавирусот можеби го запре глобалниот пазар на недвижности, но во Шведска, која никогаш во потполност не потпадна под блокада, на продажба е ставено цело село по цена од 70 милиони шведски круни или околу 7,3 милиони долари.

Сатра Брун е село на периферијата на главниот град на Шведска, Стокхолм.

Селото датира од 1700 година кога лекарот Самуел Скраг откри извор на вода и го купи околното земјиште. Потоа изгради бунар, куќи со извори, болница, црква и куќи.

Тоа се случувало во време кога била во пораст популарноста на природните извори, бидејќи се сметало дека пиењето и бањањето во висококвалитетна вода има балансирачки и исцелителнен ефект врз здравјето и добросостојбата.

Гостите биле повикувани секојдневно да пијат од водата. Им биле нудени и топли и ладни бањи, бидејќи се верувало дека помагаат во воспоставување емоционална рамнотежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот