Шведска и Финска се подготвени за во НАТО, велат од Вашингтон откако Ердоган ги замрзна разговорите за членство

Фото: Јутјуб/Форбс/принтскрин

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека САД го поддржуваат брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО, откако Хелсинки објави дека трилатералните разговори со Турција за барањето на Финска и Шведска, за да се приклучат на воената алијанса, се ставени во мирување од страна на турските власти.

Турција одлучи да го одложи клучниот состанок, по инцидентот во Шведска, каде за време на протест беше запален примерок на мислиманската света книга, Куранот.

Прајс на прес-конференцијата постојано беше прашуван за позицијата на Вашингтон околу пристапот во НАТО само на Финска, без Шведска, но одби да коментира за, како што го нарече, „хипотетичкото, а не актуелно прашање“.

„Ова отсекогаш била дискусија за Финска и Шведска… преминување од сојуз со 28 земји, во сојуз со 30. Тоа е она што сакаме да го видиме“, рече Прајс, иако Алијансата во моментов брои 30 членки (последната примена е С. Македонија, како 30-та), а со евентуалното вклучување на Шведска и Финска би биле 32.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм изминатиот викенд, каде беше запален Куранот.

Прајс на прес-конференцијата рече дека САД сметаат оти палењето книги е „длабоко непочитување“ и „длабоко несоодветен“, ужасен и потпалувачки чин, кој според Стејт департментот е „нешто што би го направил провокатор“.

Шефот на финската дипломатија Пека Хависто денеска изјави дека е потребна неколкунеделна пауза во разговорите меѓу Финска, Шведска и Турција во врска со плановите на двете скандинавски земји за влез во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот