Шведска и Финска сакаат во НАТО од страв, вели Мухамед Халили

Мухамед Халили, Фото: Архива

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили смета дека барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО не се никаква провокација, туку потег мотивиран од страв.

-Светот живее во паника, Европа нема да како да ја надмине кризата и досега преку дипломатски пат е безуспешно. Постои страв меѓу земјите членки на ЕУ, дека би можело да се рашири војната во многу послаби земји на воен план, пред сѐ поранешните советски републики, но и земјите кои се граничат со Русија. Таа во последните години врши тајни истражувања под море накај границата со Финска и тоа мислам дека НАТО, а посебно САД, се загрижени за овој воен продор. Евентуалното одбегнување на оваа криза би можело да биде членувањето на Финска и Шведска во НАТО, рече Халили в емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според него, земјите кои веќе поднесуваат апликации до НАТО, се уплашени од евентуална агресија.

-Сметаат дека најдобар чадор за обезбедување на нивните земји е членството во НАТО. Од другата страна, го чувствуваат НАТО за закана, затоа што веќе Русија сакајќи да го одбегне НАТО од пред своите граници, со овој потег, НАТО е на самата граница на Русија, посочува Халили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот