Шведска и Финска добија поддршка од своите нордиски соседи ако некој ги нападне

Нордиски земји
Нордиски земји / Фото: МИА

Норвешка, Данска и Исланд денеска објавија заедничко соопштение во кое најавија поддршка за кандидатите за членство во НАТО, Шведска и Финска, доколку некој ги нападне.

– Заедно со Данска и Исланд, Норвешка е подготвена со сите средства да им помогне на своите нордиски соседи ако станат жртви на агресија на своја територија, пред да станат членки на НАТО, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно и официјално соопшти дека Шведска ќе и се придружи на Финска во аплицирањето за членство во НАТО.

Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја нема проблеми со овие земји, и оти нивниот влез не претставува закана, но дека во секој случај ќе следи одговор на Русија.

– НАТО се користи како инструмент на надворешната политика на една земја и тоа се прави многу агресивно, рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот