Каматна стапка

Шведска ги намалува каматните стапки

Централната банка на Шведска ја намали својата референтна каматна стапка четири пати оваа година, почнувајќи од мај, како одговор на падот на инфлацијата и слабата економска активност на земјата, се вели во соопштението. И покрај очекувањата на економските субјекти за подобри времиња кои претстојат, сè уште нема многу знаци дека ситуацијата се развива во таа насока, додава шведската Риксбанк на својата веб-страница. Како што е наведено, референтната каматна стапка треба да се намалува со побрзо темпо со цел натамошна поддршка на економската активност во земјата. Во третиот квартал од 2024 година, според прелиминарните податоци, шведската економија неочекувано падна за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, што значи дека по претходниот квартален пад од 0,3 отсто, се наоѓа во блага техничка рецесија, објави Шведскиот институт за статистика, пренесува Каматица.

Трговскиот суфицит на Германија во септември падна на 17 милијарди евра. Трговската размена меѓу Русија и Кина за првите десет месеци од 2024 година е зголемена за 2,8 отсто на 202,2 милијарди долари. Монетарната политика се движи во насока на експанзија, што ќе ги подобри финансиите на домаќинствата и ќе им олесни на компаниите да инвестираат, објави неодамна централната банка на Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот