Шведска донира милион вакцини од „Астра-Зенека“ што нема да ги користи

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Шведската влада донира милион дози вакцини „Астра-Зенека“ против ковид-19 на посиромашни земји преку програмата Ковакс, објави министерот за меѓународна соработка во МНР на Шведска, Пер Улсон Фрид, јави ДПА.

Министерот Фрид рече дека на Шведска веќе не и е потребна вакцината на британско-шведската фармацевтска компанија, јавија шведските медиуми.

– Вакцината на „Астра-Зенека“ Шведска ја користи само за луѓе над 65 години. Сепак, земјата се уште очекува големо снабдување со вакцината, која нема да се користи, рече Фрид.

– Затоа е важно овие дози да не бидат на залиха во време кога на целиот свет му се потребни вакцини.

Ковакс е глобална иницијатива чија цел е да се обезбеди фер пристап до вакцини против ковид-19 на кои се потпираат многу посиромашните земји.

Данска, која целосно престана да ја користи Астра Зенека, се уште не одлучи што да прави со вишокот. Данскиот министер за здравство се обидува да ги замени дозите со вакцини од друг производител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот