Шведска: Дете донело граната во градинка, повикана полиција

Фото: Профимедиа

Припадници на шведските специјални сили затвориле предучилишна установа во Кристијанштад, на југот од Шведска, откако едно дете донело граната на час.

Полицијата била повикана кога персоналот во градинката открил сомнителен предмет откако децата си отишле дома, а на местото на настанот било утврдено дека се работи за граната поради што била повикана специјална екипа за деминирање, јавува Си-ен-ен.

Портпаролот на полицијата изјави дека предметот наликувал на пушка, но бил заоблен, како и дека бил расклопен од стручен тим во контролирано опкружување во градинката, бидејќи било проценето дека е премногу опасен за пренесување.

Експлозивната направа детето ја пронашло на полигон што војската го користела за обука.

„Војската користи големи отворени простори за вежбање, но неколку пати годишно тие се отворени за јавност, кога нема пукање. Обично луѓето се предупредуваат да не допираат ниту еден предмет“, објаснил портпаролот.

Досега не е утврдено кое дете го донело предметот во градинката, а портпаролот додава дека случајот е предизвикан од дете помало од седум години и дека истиот е затворен.

Сепак, еден полициски службеник, Томас Содерберг, вели дека тоа може да се промени бидејќи станува збор за многу опасна ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот