ШВЕДСКА БАРА АПСЕЊЕ НА АСАНЖ: Британците мораат добро да размислат кому ќе му го испорачаат!

Шведските власти денеска побараа издавање на налог за апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е во затвор во Велика Британија, соопшти шведското обвинителство.

Обивинителката Ева-Мари Персон изјави дека шведскиот суд одлучил да побара апсење за Асанж под сомнение за силување и ќе издаде европски налог за апсење.

Оваа одлука отвора можност за спор помеѓу Шведска и САД околу евентуалното испорачување на Асанж од Велика Британија.

Персон истакна дека британските власти ќе одлучат за евентуалниот конфликт помеѓу европскиот налог за апсење и американското барање да им биде предаден Асанж.

Асанж на 11 април беше исфрлен од Амбасадата на Еквадор во Лондон, во која  се сокри во 2012 година и веднаш беше уапсен.

Тој сега издржува затворска казна од 50 недели поради кршење на условите за кауција од 2012 година.

Шведското обвинителство на 13 мај повторно ја отвори истрагата околу обвиненијата за силување против Асанж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот