Првиот тенисер на АТП ранг листата ќе игра против Аргентиневот во првото коло од групата „Токио 1970“ на завршниот Мастерс во Лондон.
Дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Шварцман ќе се игра во понеделник од 15 часот. Во последните пет дуели на овие двајца тенисери, сите завршија со победа на Ѓоковиќ, а годинава играа два пати, на Австралија Опен и во финалето на Мастерсот во Рим.
Истиот ден од 21. часот ќе се игра и вториот натпревар од групата помеѓу Данил Медведев и Александер Зверев кои играа во финалето на Мастерсот во Париз кога славеше рускиот тенисер.
Завршниот Мастерс во Лондон ќе започне во недела со натпреварите од групата „Лондон 2020“. Во првиот дуел ќе играат Доминик Тим и минатогодинешниот победник Стефанос Циципас. Во вториот натпревар ќе играат Рафаел Надал и Андреј Рубљов.