Шварценегер повторно ја покажа својата хумана страна: Преку 1.000 оброци беа донирани во болницата во Лос Анџелес! (ВИДЕО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Прочуениот „Терминатор“, актер и бодибилдер Арнолд Шварценегер (72) на болницата во Лос Анџелес и прати повеќе од 1.000 бесплатни оброци во знак на благодарност до сите здравствени работници, особено оние во првите борбени редови за време на пандемијата од коронавирус, за кои вели дека се фантастични.

Арнолд за оваа прилика сними видео кое се најде и на Јутјуб и на друштвените мрежи, каде што објаснува како дошол до идеја да го реализира токму овој план.

„Ова е за луѓето во болниците. Мислам дека се неверојатни. Си реков и себе си, мора да направиме нешто специјално за нив освен тоа што им набавуваме маски. Затоа, си помислив, можеби треба да им пратиме храна… Ви благодарам за одличната работа која ја правите, хаста ла виста“, порача Шварценегер.

Камиони застанале пред болницата и истовариле храна, која била за сите вработени присутни на работа тој ден.

Поранешниот гувернер на Калифорнија во самоизолација е со ќерката Катарина и своите домашни миленици, понито Виски и магарето Лулу. Сепак, Шварценегер сакаше да ги поддржи сите оние кој го немаат тој луксуз да останат во своите домови, особено здравствените работници во првите редови.

Споменатата болница во Лос Анџелес моментално има 12 пациенти кај кои е потврден КОВИД19.

Освен оваа донација, Шварценегер учествуваше и во многу други, па во болниците донираше маски, а една донација каде што тој учествуваше вклучуваше 60.000 хируршки маски, 34.000 ракавици и 2.000 хируршки одела.

„Никогаш не го разбрав седењето на кауч и константно жалење за тоа како се лоши работите, секогаш верував дека сите треба со ссвоите дела да допринесеме да се поправат работите“, напиша Шварценегер на Инстаграм.

„Ова е едноставен начин да ги заштитиме нашите вистински херои во болниците и горд сум на тоа што сум дел од истото“, истакна Арнолд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот