Познатиот „Терминатор“ конечно ќе стане дедо! Ќерката на познатиот актер и бодибилдер Арнолд Шварценегер, Кетрин Шварценегер, го очекува своето прво дете со познатиот актер Крис Прат, објави сајтот E!News.
Познатиот пар на почетокот ја криеше врската подалеку од очите на јавноста, а откако Крис го освои срцето на Шварценегер повикувајќи го да вежбаат заедно, тој ја запроси Кетрин со негов благослов.
Парот направи скромна венчавка во кругот на најблиските, минатата година во јуни.
Крис веќе има еден син од претходниот брак со Ана Фарис, 7-годишниот Џек Прат.