1.1 C
Скопје

Шварценегер и Сталоне со децении се најдобри пријатели, но претходно не се поднесувале (ФОТО)

Глумците Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се најдобри пријатели веќе со децении, но не било секогаш така. Многумина ќе ги зачуди податокот дека на почетокот воопшто не се поднесувале.

Арнолд Шварценегер/IMDB

Сè почнало на еден настан на кој присуствувале двајцата.

Филмот „Роки“ бил номиниран за две награди, а Сталоне очекувал дека ќе добие барем една. Но тогаш се случило нешто неочекувано.

– Тоа беше време на „Роки“, а ние во нашата категорија не добивме награда. Потоа следеше уште едно разочаување. Ја изгубив и наградата и номинацијата за најдобар глумец. И кога помислив дека не може да биде полошо и си реков: „Господе, ова е ноќна мора“, го видов Арнолд како станува и тргнува да ја преземе наградата – се присетува Сталоне.

Прочитајте и...  Мајка открива паметен трик ако го изгубите вашето дете во продавница

Шварценегер таа вечер го добил својот прв Златен глобус, а Сталоне се заколнал дека веќе никогаш нема да доживее таков пораз. Од тој ден го сметал Шварценегер за заколнат непријател.

„Се мразевме, а причината беше тоа што и двајцата имавме големо его. И тој и јас сакавме да имаме филм број еден, така што тогаш почна битката кој повеќе ќе заработи, чии филмови повеќе ќе ги полнат кината, кој ќе работи со подобри продуценти, кој ќе има поголеми мускули, подобра кондиција и поголеми пиштоли на платното… Така еден друг се напаѓавме и си ги кажувавме грдите работи што ни лежеа на душата“, беше искрен Шварценегер.

Силвестер Сталоне/IMDB

По неколку години двајцата сфатиле дека всушност си биле еден на друг мотивација и дека борбите ги воделе сами со себе, а не еден против друг.

Прочитајте и...  Лидија Вукичевиќ за Риалда Кадриќ: „Таа беше прекрасна и ведра личност“

Денес се најдобри пријатели чиј однос ништо не може да го наруши.

Поврзани вести

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ со нова девојка: Мустафа Сандал објави фотографија со 20 години помладата Мелис

Слободен печат

Наоми Кемпбел ги откажува цигарите и го сподели својот метод: Навистина се обидувам

Слободен Печат

Фановите „полудеа“ по модниот избор на Цеца со животински принт: Велат дека никогаш не изгледала толку добро!

Слободен печат

Кејт Хадсон раскажа за својот татко кој го напуштил семејството кога таа била дете

Слободен Печат

4 хороскопски знаци на кои им претстои период исполнет со среќа и успеси според ѕвездите

Слободен печат

Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

Слободен Печат

Остави Коментар