Швајни ја откри суштината на овој Јунајтед: „Кажи ми дека сум подобар од Нојер?“

Бастијан Швајнштајгер две години беше дел од Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед бележи лоши резултати, без разлика што сезонава во својот состав има голем број на ѕвезди.

Многумина се склони да тврдат дека егото на поединци е најголемиот проблем на тимот, со кој менаџерот Оле Гунар Солскјер не може да се справи, што особено се истакнува по дебаклот од Ливерпул (0:5).

Сето тоа беше проследено со зборовите на поранешниот играч за врска Бастијан Швајнштајгер кога дојде во Јунајтед од Баерн Минхен во 2015 година.

– Кога првпат дојдов во Манчестер, Де Геа (голманот на Јунајтед) ме праша: „Кажи ми, дали сум подобар од Нојер? Му реков “Не, не си. Тоа е друго ниво”. Беше лут, но му објаснив зошто – рече Швајнштајгер, поранешен светски шампион со Германија.

Де Хеа, Кристијано Роналдо, Пол Погба, Маркус Рашфорд, Бруно Фернандеш, сите тие имаат изразена личност, премногу ѕвезди за една соблекувална..

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот