Швајцер Блум: Со нетрпение ве очекуваме во НАТО и да ги почнете преговорите со ЕУ

Повеќе од 25 години граѓаните на Северна Македонија сакаат да ја видат земјата како го зазема своето место во западните институции. Таа желба ќе стане реалност оваа година. САД со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и пожелат добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО, а ние исто така силно го поддржуваме и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ што е можно побргу. Ова го порача в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер Блум на приемот во Американската амбасада што вечерва се одржа по повод нивниот национален празник –  4 Јули.

Обраќајќи се пред присутните, меѓу кои беше претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, Швајцер Блум истакна дека земјата како членка на НАТО трајно ќе ги зацврсти своите односи со САД и сојузниците на Алијансата.

Прочитајте и...  Една картичка за цела Европа: Нова стратегија на ЕУ за интегриран пазар на плаќања

– Ние нема да бидеме само пријатели и партнери, ние ќе бидеме сојузници, поврзани преку заедничката заложба за мир, безбедност и просперитет. Нема посилна врска од оваа. Ние ја видовме оваа врска на дело минатиот месец за време на вежбата „Одлучен удар” на Криволак, каде војниците од нашите две земји создадоа заеднички процедури за комуникација и операции, подготвувајќи се заедно да одговорат на идните закани, рече Швајцер Блум.

Таа додаде дека врските меѓу САД и Северна Македонија се остваруваат и во бизнисот, културата, образованието и на социјален план.

-Граѓаните на нашите две земји ги сакаат истите работи. Како што нашите основачи рекоа во Декларацијата за независност што денеска ја славиме – сите луѓе имаат право на живот, слобода и потрага по среќа. За да се постигне ова потребна е власт што одговара на потребите и грижите на граѓаните, власт што ги слуша граѓаните, рече в.д. амбасадорката на САД.

Прочитајте и...  Истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите

Нагласи дека таа за повеќе од три години служба во Северна Македонија видела се повеќе граѓани на земјава како гласно зборуваат, кога бараат власта да работи за народот и кога гласно ги отфрлаат оние кои ја злоупотребуваат службата и крадат од луѓето.

-Овие три години беа период на динамични промени во Северна Македонија, позитивни промени што цврсто Ве поставија на патот на стабилноста и просперитетот. Но, демократијата никогаш не е завршен процес и секогаш има повеќе да се сработи за граѓаните, рече таа.

Изјави оти е горда дека Амбасадата на САД ги поддржала напорите на земјава да ја зајакне демократијата – не само да пишува добри закони, туку и да ги спроведува, да гради модерна економија и да ги направи земјата и регионот побезбедни.

Прочитајте и...  Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини

-Ќе продолжиме да работиме со вас, поддржувајќи ги вашите напори на патот кон остварување на „посовршена Унија”-да цитирам една фраза од Уставот на САД. Живеете во период на големи можности и на голем потенцијал, а како ваш сојузник и пријател, со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка и да ви помогнеме да ги остварите амбициите на вашите граѓани, рече Швајцер Блум.

Таа на присутните им посака добредојде на годинашното одбележување на 4 Јули, кое е под мотото „Американски панаѓури” на кое се прославува 243 годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност на САД. Таа истакна оти во САД на 4 јули почнува сезоната на панаѓури од каде изникнала идејата оваа година 4 Јули во земјава да се одбележи на овој начин. 

Прочитај повеќе

Центро Унион прослави јубилеј: 30 години трговија за најдобрите

Слободен печат

Османи: ДУИ реализираше внатрешен ветинг

Слободен печат

Во сообраќајка во Албанија загинаа двајца сириски имигранти, а осуммина се повредени

Слободен печат

Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија

МИА

Вирусот ја „потопи“ француската економија: Пад на бројот на туристи 30-40 проценти

Слободен печат

Вучиќ: Годинава понуда во врска со Косово која Србија нема да смее да ја прифати

Слободен печат

Остави Коментар

седум − 1 =

Прочитај повеќе

Додека индустријата бара машински инженери и технолози, младите запишуваат општествени науки, потребно кариерно насочување уште во основно

МИА

Сезона на грип во САД: Најмалку 105 деца починати, над 29 милиони инфицирани

Слободен печат

Милошоски: Заев не бил само премиер, туку и Врховен судија (ВИДЕО)

Слободен печат

Од идниот викенд во Градскиот парк продавачи само со дозвола

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада во домовите

Слободен печат

Три лица загинаа при експлозија на плинска боца во Романовце

Горан Наумовски