Швајцарските власти соопштија дека е безбедно малите деца да се гушкаат со своите баба и дедо

Според швајцарските власти безбедно е децата до 10 години да се гушкаат со своите баба и дедо.

Научниците заклучиле дека малите деца не го пренесуваат вирусот, вели шефот за заразни болести во швајцарското министерството за здравство Даниел Кох, но додаде дека сепак, средбите со баба и дедо треба да бидат кратки и тие не смеат да ги чуваат децата.

„Малите деца не се заразуваат и не го пренесуваат вирусот. Тие едноставно ги немаат рецепторите за да ја фатат болеста. Првичната препорака децата да држат растојание од своите баба и дедо била дадена во времето кога помалку се знаеше како коронавирусот се пренесува“, кажа Кох.

Швајцарија е меѓу европските земји кои почнаа да ги олеснуваат рестриктивните мерки, а за две недели ќе бидат отворени и училиштата и продавниците.

„Голем број баби и дедовци живеат за да си ги видат внуците и тоа е важно за нивното ментално здравје. Децата не се опасност за своите стари роднини, туку родителите“, рече Кох.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот