Швајцарските медиуми пред дуелот со Федерер: Ѓоковиќ е „Третиот човек“ со две различни лица

Новак Ѓоковиќ неделава е во лов на последниот трофеј во оваа сезона кој би му го донел и првото место на АТП ранг листата, но ниту овој пат публиката во Лондон не е на негова страна. Ѓоковиќ во второто коло на завршниот Мастерс во Лондон играше против Доминик Тим за кого навиваше публиката во О2 Арената, со цел да му се зголемат шансите на Роже Федерер за пласман во полуфиналето.

Токму по тој дуел швајцарскиот весник „Neue Zeitung“ во текстот „Третиот човек“, анализираше зашто Ѓоковиќ не е омилен кај голем дел од тениските фанови и е во сенка на Федерер и Рафаел Надал .
„Новак го почитуваат, но не го сакаат“, пишува новинарот Даниел Герман во воведот на текстот во кој исто така потсетува и на детството на Србинот и на тренинзите на Копаоник, на теренот кој беше отштетен од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Прочитајте и...  Пол позицијата за шампионот, Хамилтон најдобар на дождливите квалификации

„Тој терен и денеска има „лузни“ од бомбардирањето како и душата на Ѓоковиќ. Новак никогаш не криеше дека го интересира само бројот 1, неговата младост е одбележана со болните амбиции. Ѓоковиќ не игра само за себе, тој игра и за Србија, тоа го прави херој во својата земја но и аутсајдер во остатокот од светот. Не постои тенисер кои има две различни лица како него. Покрај теренот е најшармантната личност, а на теренот е воин. неговиот војнички, борбен дух, најдобро го опишува победата во финалето на Австралија Опен 2012 година против Рафаел Надал и прославата со кинење на маицата“, стои во текстот на швајцарскиот весник.

„Тој е најдобар на светот, никој во оваа деценија не освои повеќе големи турнири од него. Но и покрај големите успеси, кога станува збор за публиката тој е третиот човек. Не е само во сенка на Роже Федерер, туку и во сенка на Рафаел Надал. И не пати само тој поради ова, туку и целото семејство.

Прочитајте и...  Бејл си игра мајтап со Реал, зема плата од 17 милиони евра за да спие на натпревар (ВИДЕО)

Неодамна, неговата мајка Дијана порача дека тениските фановни не можат да се помират со податокот дека нејзиниот син е поуспешен од Федерер и Надал. Публиката ги почитува неговите резултати и успеси, но навива за Федерер/ Така ќе биде и во денеска кога ќе играат во Лондон, можеби дури и ќе се повтори онаа атмосфера од финалето на УС Опен 2015 година која беше на граница на фер однесувањето. Тогаш Новак играше против Федерер и дури 90 проценти од публиката. Но, Ѓоковиќ се навикна на тоа, тој е на мисија која се уште не е завршена и ќе продолжи да се бори и понатаму. За себе, за Копаоник“, се завршните зборови на авторот Даниел Герман во текстот „Третиот човек“.

Прочитајте и...  Дали Ѓоковиќ сепак ќе игра на „УС Опен“? (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Сејдини: Првата лига ќе брои 12 клубови

Слободен печат

Присутните делегати го усвоија финансискиот план – буџет на ФФМ

Слободен печат

Поп Ацев исплива соло маратон во чест на легендата Нико Нестор

Слободен печат

Комедија во Романија: Трипати го повторуваа пеналот, сите утнаа! (ВИДЕО)

Слободен печат

Џејмс: Безбедно можеме да ја завршиме НБА сезоната

Слободен печат

Волкановски успеа да ја одбрани титулата! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Халанд исфрлен од ноќен клуб во Норвешка! (ВИДЕО)

Слободен печат

Вака би изгледала табелата во Премиер лигата без судиските грешки! (ФОТО)

Слободен печат

Дали Ѓоковиќ сепак ќе игра на „УС Опен“? (ВИДЕО)

Слободен печат

Пеналите го спасија Јувентус против неверојатната Аталанта

Слободен печат

Сити пукна „петарда“ и во Брајтон

Слободен печат

Поразот од Сасуоло ги зовре страстите: Тепачка во соблекувалната на Лацио

Слободен печат