Швајцарскиот претставник на Евровизија мета на критики по неговиот гест во знак на благодарност кон Албанија

epa-efe
epa09221661 Gjon's Tears from Switzerland with the song 'Tout l'Univers' performs during the Grand Final of the 65th annual Eurovision Song Contest (ESC) at the Rotterdam Ahoy arena, in Rotterdam, The Netherlands, 22 May 2021. Due to the coronavirus (COVID-19) pandemic, only a limited number of visitors is allowed at the 65th edition of the Eurovision Song Contest (ESC2021) that is taking place in an adapted form at the Rotterdam Ahoy. EPA-EFE/Sander Koning / POOL

На синоќешното финале на 65. Евровизија кое се одржа во Ротердам, Холандија победи Италија, додека Франција го освои второто место, а Швајцарија заврши на трето место, чиј претставник со еден гест привлече огромно внимание…

Претставникот на Швајцарија на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, Гјон Тирс освои најмногу гласови од стручното жири со што имаше значително водство.

Имено, откако стручното жири на Албанија му даде 12 поени, 22-годишниот претставник на Швајцарија ги поздрави Албанците.

youtube
Принтскрин / Youtube

По тој повод, младиот Швајцарец покажа двоглав орел со рацете, а неговиот потег брзо предизвика реакции на социјалните мрежи.

Скандал на Евровизија“, „Скандалозен потег на младиот Швајцарец“ беа само дел од коментарите за неговиот гест.

youtube
Принтскрин / Youtube

Имено, неговото полно име Гјон Мухаремај и има албанско потекло. Неговиот татко е од Косово, а неговата мајка е од Албанија. Гјон синоќа се пласираше на третото место со песната „Tour L’ Univers“.

ВИДЕО+ФОТО: Манeскин од Италија се годинашните победници на Евровизија!

Од улични музичари до суперѕвезди: Кои се Италијанците кои победија на Евровизија?

 

Видео на денот