Швајцарската Влада побара податоци од државната телекомуникациска компанија „Свиском“

Фото: МИА

Владата на Швајцарија побара од државната телекомуникациска компанија „Свиском“ да и достави податоци за мобилните телефони во текот на еден ден, заради проценка на ефикасноста на мерките за ограничување на движењето на населението за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска официјален претставник на федералната Агенција за здравство.

– Сакавме да знаеме дали тие мерки влијаат врз мобилноста на луѓето – рече Даниел Кох, шеф на одделението на Агенцијата за заразни болести, на прес-конференција во Берн, како одговор на прашањето дека на тој начин Владата може да ја наруши приватноста на граѓаните.

Тој рече дека станува збор за 24-часовни податоци што даваат ретроспективен поглед на движењата на луѓето.

Според Кох, „тоа нема никаква врска со тековните податоци или мониторингот, туку да се види движењето на луѓето, а опфатен е само јавниот простор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот