Швајцарска дипломатка паднала од зграда во Иран и починала

Швајцарка која работела како дипломат во швајцарската амбасада во Техеран починала откако во вторникот паднала од висока зграда во која живеела на северот од градот, пренесоа иранските новински агенции.

Таа имала 51 година. Починатата Швајцарка била Прв секретар на швајцарската амбасада. Ниту еден медиумски извештај од Иран не содржи информации за околностите на нејзината смрт.

Швајцарија ги претставува дипломатските интереси на САД во Иран откако Вашингтон и Техеран ги прекинаа врските непосредно по Исламската револуција во 1979 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот