-1 C
Скопје

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Во октомври минатата година Швајцарија официјално покрена изборна кампања за членство во Советот за безбедност на ОН, во рамките на која швајцарската мисија во Њујорк испрати пакетчиња со национални производи на поклон за делегациите на другите држави, кои на крајот ќе одлучуваат за нејзиното членство во Советот за безбедност.

Притоа швајцарската дипломатија на „сирење и чоколади“ пред гласањето во јуни 2022 година воопшто и нема конкуренција. За периодот 2023-2024 на располагање се две места, а покрај Швајцарија се пријави уште Малта.

– Во овој момент ситуацијата е многу интересна: имаме чиста ситуација со Малта, но вистинската опозиција доаѓа одвнатре, вели Ангела Милер, потпретседателка на здружението за соработка меѓу Швајцарија и Обединетите нации.

Некои во Швајцарија сепак сметаат дека членството во највисокото безбедносно тело во светот, кое има овластувања да презема воени акции за обнова на мирот доколку оцени дека тоа е неопходно, би можело да го повреди меѓународниот углед на земјата како неутрална сила и нејзината дипломатска улога.

Прочитајте и...  Тонч!

Еден од нив е Пол Видмер, пензиониран швајцарски дипломат.

– Нашата неутралност стана наш меѓународен бренд. Благодарејќи на доследната политика на неутралност, Швајцарија стекна висок кредибилитет во надворешната политика, вели тој.

Швајцарска редовно ја повикуваат да ги застапува земјите со кои нема дипломатски односи, а врвот на таквата дипломатија беше за време на Втората светска војна, кога Швајцарија имала 200 мандати во околу 35 земји. Нејзината неутралност е причината зошто многу држави и ги доверуваат меѓународните мандати, дали како сила која нуди заштита или како посредник.

На меѓународен план, независноста на Швајцарија е утврдена на Виенскиот конгрес во 1815 година и со Законот за неутралност во 1907 година. Одвнатре таа е утврдена во швајцарскиот устав. Меѓутоа, последните неколку децении политиката на неутралност еволвираше, особено откако Швајцарија стана полноправна членка на ОН во 2002 година. Паскал Берисвил, швајцарската амбасадорка во ОН, оценува дека после речиси 20 години во ОН, дојде моментот за следниот чекор – членство во Советот за безбедност.

Прочитајте и...  Дебата во организација на невладината ЦИВИЛ: „Пописот е статистика, а не политика"

Седумчлениот швајцарски сојузен совет официјално одлучи да се кандидира за место во Советот за безбедност во 2011 година, а од тогаш се појави и копнежот за швајцарска неутралност. Во 2015 година владата дури и објави извештај во кој се опишува како членството би можело да ја загрози неутралноста на земјата, со заклучок дека можат да останат при своите намери, бидејќи и други држави, како Австрија, делумично Шведска и Костарика, успеаја да ја зачуваат својата неутралност воздржувајќи се од гласање за можноста за примена на сила.

Ако Швајцарија навистина се најде во Советот за безбедност работите во политичка смисла би можеле да се искомплицираат, оценува Форин полиси.

– Каква би била улогата на Швајцарија во случај САД да побараат од Советот за безбедност да ги заострат санкциите спрема Иран? Дали би требале да гласаат за тоа и да ги налутат Иран, или против тоа и да ги налутат САД, или да остане воздржана и да ја ослаби моќта за одлучување на Советот за безбедност, се прашува Пол Видмер.

Прочитајте и...  На „Тик-ток“ кружи предизвик за самоубиство, родители внимавајте на своите деца

Извор: Блиц.рс

Поврзани вести

Најмалку 64 политичари се убиени во Мексико во последните шест месеци

Слободен печат

Усвоeна Концепцијата за осново образование: Следува изработка на нови наставни програми

Слободен печат

Владата задоволна од изгласаната доверба и бара деблокирање на Собранието, опозицијата и натаму го оспорува мнозинството

Слободен печат

Да се обезбеди скрининг на сите новороденчиња веднаш по раѓањето

Семејството и пријателите – најсигурен извор на пари

Соња Кириџиевска

🔴 СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7:30 до 10:30 е во тек!

СП.

Остави Коментар