Швајцарија ги укинува повеќето рестриктивни мерки воведени против коронавирусот

epa08468632 Tourists enjoy the view of Zurich landscape from Uetliberg Mountain, in Zurich, Switzerland, 06 June 2020. EPA-EFE/ALEXANDRA WEY

Препорачаната физичка е спуштена од 2 метри на 1,5 м. 

Швајцарија ќе дозволи собири до 1.000 луѓе од идната недела зошто бројот на новозаразени од коронавирус се намалува, објави во петокот швајцарската влада, истакнувајќи дека земјата е подготвена за можни нови жаришта на болеста.

„Од понеделник, 22. јуни, мерките воведени за сузбивање на коронавирусот во најголем дел од земјата ќе бидат укинати. Само забраната за големи настани останува на сила до крајот на август“, објави владата.

Во Швајцарија се потврдени повеќе од 31.000 заразени, а 1.680 починаа.

Бројот на новозаразени падна на неколку десетици на ден, овозможувајќи отворање на училиштата, дуќаните и границите. Но економијата западна во длабока рецесија.

Владата им препорача на граѓаните да одржуваат хигиена и да држат физичка дистанца, но ја укина препораката да се работи од дома, додека препорачаната физичка е спуштена од 2 метри на 1,5 м.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот