Швајцарија екстрадираше убиец во БиХ: Убил шест членови на семејство, меѓу кои и дете, а 25 години бил во бегство

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

Швајцарија екстрадирала маж во Босна и Хецеговина, кој за време на војната во таа земја убил шест членови на една бошњачко семејство, а потоа побегнал и со години живеел во странство под лажен идентитет, објавија во вторникот меидумите во БиХ.

Станува збор за маж по име Зоран Пантиќ, кој од понеделникот е во затвор во Босна и во тек е постапка за негово испраќање на отслужување на затворска казна од 12 години која му била изречена уште во 1995 година откако е прогласен за виновен за повеќекратно убиство.

Пантиќ заедно со неколку соучесници во септември 1994 година им ветил на членови на семејството Лисиќ од село Горно Ранковиќ во Босна дека за одредена парична надокнада преку Дирна ќе ги префрли во Србија.

Наместо тоа да го направи, Пантиќ и уште шест Бошњаци со камион стигнале до едно село и таму ги убиле и им ги украле скапоцените работи кои ги носеле жртвите, а телата ги фрлиле во Дрина.

Во текот на судската постапка било утврдено дека Патниќ лично убил дете, жена и маж.

По ова злосторство, Пантиќ побегнал во Швајцарија, а потрагата по него траела со години, бидејќи тој го земал идентитетот на својот брат Далибор, па под тоа име и се оженил со Швајцарка.

Во Швајцарија се претставувал како државјанин на Србија, а измамата е откриена кога до швајцарските власти поднел барање за доделување на државјанство.

Портпаролката на МУП на Република Српска, Мирна Миљановиќ, рекла дека неговото апсење е резултат на долготрајна и интензивна потрага.

– И по 24 години од бегството на осудениот не се откажавме од потрагата и спроведувањето на правдата, за на тој начин барем малку да ги задоволиме роднините на жртвите – изјавила Миљановиќ.

Адвокатот Миодраг Стојановиќ, кој го застапува Пантиќ, најавил дека ќе бара обнова на постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот