Швајцарија: Дозвола за итна употреба на вакцината на „Фајзер” и „БиоНТек”

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Швајцарската Агенција за регулација на лековите „Свисмедик” денеска издаде дозвола за итна употреба на вакцината изработена од компаниите „Фајзер” и „БиоНТек”, оценувцајќи дека станува збор за прво одобрение во светот што ја минало  стандардната процедура.

Британскките медиуми пренесуваат дека „Свисмедик” дозволата за итна употреба ја издаде два месеци по поднесување на апликацијата, во постапка на разгледување на приложената документација, што е ажурирана и редовно прегледувана.

„Податоците што во моментов ни се достапни покажуваат висок степен на ефикасност, безбедност и квалитет на вакцината во сите возрасни групи вклучени во испитувањата”, се наведува во соопштението на швајцарската Агенција за регулација на лекови.

„Свисмедик” ги разгледува и апликациите за добивање дозвола за итна употреба на вакцини изработени од компаниите „Модерна” и „АстраЗенека”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот