Швајцарец низ Србија возел со 250,7 километри на час

Моторџијата Н.П.(25) од Скопје, излетал од коловозот. Во несреќата тој починал на местото на несреќата.

Сообраќајната полиција во Србија во претходните три дена уловила навистина „луди“ возачи, станува збор за три возачи кои буквално дивјачки возеле низ српските автопати, а еден од нив, државјанин на Швајцарија, возел побрзо од 250 километри на час.

Државјанинот од Швајцарија возел со неверојатни 250,7 километри на час, а бил запрен на автопатот Белград- Ниш кај местото Осипаоница, во општината Смедерево.

На несовесниот возач му е изречена казна од 30 дена затвор и парична казна во износ од 120.000 динари, односно околу 1000 евра, а му следи и осуммесечна забрана за управување со моторно возило на територијата на Република Србија.

Сообраќајната полиција на Србија наведе уште два слични случаи каде еден државјанин на Белгија во тунелот на автопатот кај Пирот, каде ограничувањето е 80 километри на час, возел 186,8 километри на час.

А на истото место е забележан и третиот случај, кога турски државјанин кој при излез од тунелот возел 183 километри на час.

Судијата за прекршици и на двајцата им изрекол казна од по 1200 евра и деветмесечна забрана за возење во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот