Швајцарците со нови детали и слика на Албанецот од Македонија кој ја уби сопругата

Експрес

Албанец од Македонија ја убил неговата сопруга со нож, а потоа избегал во источна Швајцарија, каде што бил приведен од властите, пишува весникот „Blick“.

Убиството во Диткон се случи во понеделникот попладне, додека мажот идентификуван како Илир Б. од Македонија, со нож ја убил сопругата.

По овој чин, мажот избегал во источна Швајцарија, а со себе го земал неговиот мал син – за кого се вели дека бил во станот за време на злосторството. Само кратко време подоцна, сторителот бил фатен во Трибах СГ.

Член од семејство на убиецот вели дека парот живеел одделно. – Таа му рече на него дека не му е дозволено да ги види четирите деца некое време. Неодамна му беше дозволено повторно да ги посети, па изнајми соба во близина на нивниот дом“.

Жената сакала да се разведе од насилниот маж. Пријател на жртвата шокиран изјавил: – Сè е многу неверојатно и трагично. Луиза се обидуваше да се спаси од него, зошто беше насилен и ја злоупотребуваше“.

Еден сосед од местото на настанот изјавил дека изутрина го слушнал мажот како вреска.

Кантонската полиција во Цирих информираше дека Илир Б. бил во судски процес во февруари 2018. година за семејно насилство и за заканување кон неговата сопруга.

Мажот бил уапсен, однесен во јавното обвинителство и конечно добил забрана за физички контакт. Четири недели по забраната за контакт – минатата недела наутро – Илир се обидел да ја контактира својата сопруга. Сепак, тој се сретнал само со една од нејзините роднини наместо со поранешната сопруга, пренесува Експрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот