23 C
Скопје

Швајцарците ќе закопаат 2.000 пара гаќи за истражување на квалитетот на почвата

Низ цела Швајцарија, сопствениците на градини и земјоделско земјиште ќе закопаат 2.000 пара долна облека во земјата, со цел научно истражување за квалитетот на почвата.

Државниот институт за истражување Агроскоп им испратил два пара памучни гаќи на волонтерите што учествуваат во ова истражување, а нивната задача е да ги закопаат во почвата во нивната градина или нива.

Планот е, по одредено време, гаќите да се ископаат и да се однесат на анализа, каде што треба да се испитаат во каква состојба се наоѓаат, односно тоа ќе биде показател до кој степен ситните организми го разградиле текстилот.

Швајцарските експерти за агенцијата ДПА велат дека во Канада веќе се направени слични експерименти, но не толку обемни.

Планот е и волонтерите што се пријавиле, во земјата да закопаат и ќесички со чај, со што ќе се контролира веродостојноста на резултатите добиени од долната облека, бидејќи овој метод на испитување на почвата со ќесички чај е одамна познат.

Планот за истражување е да се ископа едниот пар гаќи по еден месец, во присуство на контролните органи и со фотографирање, а другиот пар за два месеца. Потоа, со дигитален метод ќе се анализира распаѓањето на природните влакна. Колку повеќе дупки ќе се пронајдат на гаќичките, тоа значи дека дотолку е поздрава почвата.

Поврзани вести

ФОТО: „Јас се викам Ивана“: Девојчето од спотот на Здравко Чолиќ носи голема болка во себе

Слободен печат

Наталната карта на Меган Маркл откри сѐ! Затоа таа предизвика проблеми со кралското семејство

Слободен печат

ФОТО: Во мај вакцинација кај Дракула: Лекари со вампирски заби делат бесплатни вакцини

Слободен печат

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

Слободен печат

ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

Слободен печат

ФОТО: Барак Обама тагува: Тежок ден за нас, многу ќе ни недостасува

Слободен печат

Остави Коментар