Швајцарците го продолжуваат „ловот“ на првиот човек на ФИФА,именуваа нов главен истражител

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Швајцарскиот парламент не се откажува од случајот со ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино.

Швајцарскиот парламент го именува Штефан Келер да го истражи случајот на односите на поранешниот главен обвинител Михаел Лаубер со претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Кривичната постапка против Инфантино е покрената во јули годинава кога Келер изјави дека нашол елементи на неприфатливо однесување поврзано со средбите со поранешниот јавен обвинител Михаел Лаубер во 2016. и 2017 година.

Тајните состаноци со претседателот на ФИФА го избркаа швајцарскиот јавен обвинител

Швајцарските пратеници освен што го именуваа Келер да биде на челот на истрагата, го прифатија и неговото барање за укинување на имунитетот од кривично гонење на Михаел Лаубер.

Келер беше единствен кандидат за главен истражител во случајот против Лаубер кој водеше неколку кривични постапки поврзани со ФИФА и нејзините функционери.

ФИФА не го дава Инфантино, ќе остане претседател и покрај истрагата

Лаубер минатата година беше тргнат од истрагата и случаите против ФИФА, а во март годинава беше и дисциплински казнет поради извештаите на медиумите кои открија дека тој имал тајни средби со Џани Инфантино.
Во истрагата и двајцата велеа дека не можат да се сетат на средбите, а Лаубер по укинувањето на имунитетот се соочува со обвинение за злоупотреба на јавната функција и кршење, односно оддавање на службена тајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот