Швајцарската национална банка ја затвори 2022 година со рекордни загуби

Архива на СП

Швајцарската национална банка (СНБ) ја затвори 2022 година со загуба од 132 милијарди швајцарски франци (133,8 милијарди евра), најголема во нејзината 115-годишна историја. За споредба, во 2021 година СНБ оствари профит од 26 милијарди франци.

СНБ годишната загуба ја припишува на падот на вредноста на портфолиото на акции и обврзници, поврзан со падот на цените на пазарите на акции и хартии од вредност, во услови на пазарна слабост поради зголемувањето на каматните стапки. Меѓу негативните влијанија се издвојува зајакнувањето на домашната валута.

Прелиминарните податоци покажуваат годишна загуба речиси шестпати поголема од претходниот рекорд, забележан во 2015 година кога достигна 23 милијарди франци. За споредба, таа сума е за малку над вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот