Швајцарска „сопка“ за македонските кошаркари на патот кон Мундобаскет

Македонија ќе ги стартува претквалификациите за ЕП 2025 против Данска/Фото: kfsm.mk

Вечерва најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во првиот натпревар од претквалификациската група „Ф“ за пласман на Светското првенство 2023 година во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје загуби од Швајцарија со 62:67.

Швајцарците почнаа сигурно со водство од 7:2 во првите две и пол минути игра, а потоа со поените на Дубас за 2:9 беше принуден Бајиќ да го побара првиот тајмаут. Советите помогнаа и направивме серија од 8:0 со тројките на Магдевски и Крстевски, а токму овој вториот кој беше најрасположен за поени се погрижи за прва предност од 10:9.

До крајот на првата четвртина двете селекции се менуваа во водството, Крстевски постигна трјка за 17:16, но возврати Ковач на спротивната страна со иста мера, а истиот играч се погрижи за „плус пет“ со уште една тројка за 17:22.

Во првите пет минути од втората четвртина имавме слаба реализација, и тоа го искористи ривалот за значајна серија од 11:5 и загрижувачка двоцифрена предност на гостите од 22:33, а на паузата замина со 25:35. Не одеше шутот за три поени, 4/13, дури четири непрецизни слободни фрлања и со девет загубени топки по првото полувреме.

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов/Фото: kfsm.mk

Успеавме конечно по седум минути игра на третата четвртина да ја пробиеме двоцифрената негатива со поените на Магдевски за 34:42 по што минута одмор побара швајцарскиот стратег Папатеодору. Негативата стигна до „минус седум“ после едно реализирано слободно фрлање на Мекиќ за 37:44. Истиот играч во прав момент постигна тројка за 40:46, но враќа на спротивната страна еден од најефикасните во швајцарскиот состав, Казади за 42:49 пред стартот на последните 10 минути.

При 46:53 Рочар постигна два слободни фрлања за 46:55, Стајиќ намали, па следуваше блокада, за на крај „ерупција“ кај нашата клупа по тројката на Николов за неизвесни 51:55 на нешто повеќе од пет минути до крајот на средбата.

Следуваше забивање на Вајли по асистенцијата на Стајиќ (53:58), но никако не можевме да го запрема Казади кој казни со нова трјка за 53:61. Одново Вајли беше во центарот на вниманието после цепелинот со Николов на три минути до крајот на средбата.

И наместо да се одржи резултатската неизвесност, Крстевски не реализираше во клученападо, па следуваше фаул врз Казади за повторно двоцифрени 55:65. После погрешното додавање на Мекиќ и поените на Рочак по асистенцијата на Казади веќе надежите за некаков кам-бек згаснуваа. Вајли дојде до 14 поени како најефикасен во тие моменти за 60:67 на 22 секунди до крајот, но го престигна Мекиќ, и на крајот се помиривме со првиот пораз.

Вториот дуел играчите на селекторот Драган Бајиќ ќе го играат в сабота против Словачка од 19.00 часот. Потсетување дека во главните квалификации за Мундобаскет обезбедуваат двете првопласирани репрезентации.

Претквалификации за СП 2023
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

Македонија – Швајцарија 62:67

Македонија: Крстевски 13, Стајиќ 2, Николов 3, Андоновски, Марковски, Робев 3, Магдевски 10, Мекиќ 16, Трајковски, Симиќ, Вајли 14, Ефремовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот