Швајцарија – Италија е првата осминафинална двојка на Европското првенство

фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Со голот на Ѕакањи во последните моменти од натпреварот, италијанската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето од второто место во групата Б на Европското првенство

Со овој резултат ја добивме првата осминафинална двојка на ЕП, Швајцарија против Италија кои ќе се сретнат на 29 јуни во Берлин.

Што се однесува до Шпанија, која продолжи како прва, „црвената фурија“ сѐ уште го чека својот ривал, а тоа ќе биде третопласирана репрезентација. Во горниот дел од жрепката, освен Шпанија, се и Германија и Португалија, тоа е веќе познато, но тие и натаму ги чекаат своите противници.

Секако, познато е дека третопласираната селекција од групата Ц ќе игра со Германците, а и Португалците исто така ќе играат против третопласирана репрезентација.

Да потсетиме, познато е и дека Германците и Шпанците веќе би можеле да се сретнат во четврт-финалето доколку го поминат следното коло.

Во долниот дел од жрепката, каде се Швајцарија и Италија, ни еден пар не е познат и треба да се чекаат резултатите во групите Ц, Д, Е и Ф.

Секако, покомплетна слика и нови осминафинални двојки ќе добиеме во вторник кога од 18.00 часот се среќаваат Франција – Полска и Холандија – Австрија или Данска – Србија и Англија – Словенија од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот