Шундовски е нов тренер на Ал Рајан

фото: твитер

Со најдобрата македонска репрезентација го оствари најголемиот успех на европските шампионати.

Поранешниот македонски селектор има нов клуб во тренерската кариера, станува збор за катарскиот прволигаш Ал Рајан.

Сезонава Ал Рајан се наоѓаше на петтото место со осум бодови, три помалку зад водечкиот Ал-Араби.

Звонко Шундовски ретходно на клупски план ги водеше уште Пелистер, Металург и романските екипи Констанца, ЧСМ Букурешт и Доброгеа Суд.

Потсетување дека со нашата најдобра репрезентација го оствари најголемиот успех на европските шампионати освојувајќи го петтото место.

Исто така беше селектори и на селекцијата на Израел во периодот од 2017-2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот