Шумскиот пожар во национален парк во Германија сè уште гори

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Шумскиот пожар во германскиот национален парк Саксонска Швајцарија сè уште гори и нема изгледи да стивне и покрај слабиот дожд, изјави портпаролот на локалните власти.

Синоќа во дел од паркот во близина на границата со Чешка беа откриени нови жаришта и почна нивното гаснење, изјави Томас Кунц.

Според него, околу 350 припадници на службите за справување со вонредни ситуации денеска биле испратени да го гаснат пожарот. Во текот на денот се очекува да се приклучат уште два хеликоптери, со што вкупниот број ќе се искачи на 10.

Пожарот избувна минатиот викенд во чешкиот национален парк „Боемска Швајцарија“ и во понеделникот се прошири преку границата со Германија. Издадено е предупредување за катастрофа во градовите Бад Шандау и Зебниц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот