Шумски пожар во кочанско, зафатена површина од 10 хектари

Шумски пожар/Фото: МИА

Шумски пожар во атарот на селото Вранинци, Општина Кочани. Гори нискостеблеста шума, а моменталната површина која е зафатена од пожарот е околу 10 хектари, соопшти ЦУК.

На терен интервенира ТППЕ Кочани со 15 пожарникари, од кои шестмина се доброволци со 3 противпожарни возила.

Кон местото на пожарот исто така е упатена екипа на ШС „Осогово“ – Кочани од 5 лица со едно возило лада нива.

Инаку, минатата недела Дирекцијата за заштита и спасување организираше и спроведуваше обука за гасење на пожари на отворен простор, евакуација и згрижување на настрадано население на ДПСС Осогово Кочани – Општина Кочани.
Минатата година на 28 јули голем шумски пожар го зафати подрачјето на Кочани. На празникот Илинден огнената стихија се спушти во градот при што беа опожарени повеќе куќи и возила. Стотина пожарникари се бореа со огнот со денови, при што што изгореа десетици хектари дабова и букова шума и нискостеблеста вегетација.

Во локализирањето на огнот беа вклучени 80 армиски припадници како и хеликоптерите на АРМ, како и вработени во Дирекцијата за заштита и спасување и во јавното претпријатие „Национални шуми“, а помагаше и месно население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот