Шумски пожар над село Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

Армијата ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење пожар на непристапен терен над село Галичник, за чие избувнување е добиена информација денеска околу 13.30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК информираат, дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.

– Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, се додава во соопштението.

Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.

ВИДЕО l Голем пожар над Галичник, гори борова шума

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот