Шумите на Амазон уништени за 22 отсто повеќе од лани

Амазон
Прашумите на Амазон/ Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Уништувањето на шумите во бразилската прашума Амазон порасна за 22 отсто за една година, што е највисоко ниво од 2006 година, покажа годишниот извештај на бразилската влада, негирајќи ги уверувањата на претседателот Жаир Болсонаро дека земјата го потиснува нелегалното сечење.

Бразилската агенција за вселенски истражувања забележа 13.235 квадратни километри уништување на шумите во најголемата прашума во светот во своите сателитски податоци PRODES во периодот од август 2020 година до јули 2021 година.

Протести Бразил за зачувување на Амазон
Протести во Бразил за зачувување на Амазон/ Фото EPA-EFE/ADAM BERRY

Тие ветија дека ќе престанат со дивото сечење до 2028 година

Зголемувањето доаѓа и покрај напорите на бразилскиот претседател да покаже дека неговата влада сериозно ја сфаќа заштитата на животната средина, додека продолжува да повикува на зголемено рударство и комерцијално земјоделство во заштитените делови на Амазон.

Владата вети дека ќе стави крај на нелегалната сеча пред 2028 година, цел што бара големо годишно намалување на уништувањето на шумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот