Штутгарт во последните часови го посакува Чурлинов?

twitter.com/KaaaaHuuuu

Најдобриот стрелец во јуниорската Бундеслигата – Запад за минатата сезона со 18 голови за јуниорската екипа на Келн, Дарко Чурлинов беше повикан кај сениорите на тренинзи, а веќе доби и минутажа во новата сезона од најсилното германско првенство за првиот тим на Келн.

Настапи 21 минута во гостинскиот пораз од Келн, потоа не беше во составот за дуелите со Борусија Дортмунд и Фрајбург.

Беше префрлен во вториот тим на Келн каде што блесна минатата сабота со два гола во триумфот над Алеманија Ахен. Стручниот штаб на првиот тим на Келн беа импресионирани од перформансите летово на нашиот интернационалец, но се поставува прашање дали би бил редовен во бундеслигашките дуели.

Па така, се шпекулира дека Штутгарт покажал голема заинтересираност за услугите на Чурлинов, но Келн нема намера така лесно да се ослободи од својот фудбалер.

Штутгарт сезонава настапува во втората Бундеслига и после четири кола е на петтата позиција со осум бодови, пет помалку зад лидерот Хамбургер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот