Штутгарт и Чурлинов со прва победа во Бундеслигата (ВИДЕО)

фото: твитер

Во рамките од второто коло во најсилното германско првенство составот на Штутгарт со резултат 1:4 триумфираше на гостувањето кај Мајнц.

На клупата на резерви во екипата на Штутгарт се најде младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов, но повторно, втор натпревар по ред, не добива шанса за настап од американскиот тренер на клубот, Матарацо.

После стартниот пораз дома од Фрајбург (2:3), гостите беа во негатива од 13 минута кога стрелаше Кваисон, но непосредно пред паузата израмнија благодарение на Вамангитука (45`) кој го најави целосниот пресврт.

Дидави го реализираше вториот гол на екипата после асистенцијата на Калајџиќ. Во 77 минута поради втор жолт картон во Мајнц, Ниахате мораше предвреме да го напушти теренот, и го искористија ривалите 180 секунди подоцна за уште поголема позитива преку нововлезениот Климовиц.

Конечниот епилог во 86 минута го постави австрискиот интернационалец Калајџиќ, а пред крајот на средбата и кај гостите имаше играч кој поради втор жолт картон мораше порано да оди кон соблекувалните (Стенцел, 90+1`).

Во наредното трето коло Штутгарт на 3 октомври ќе го пречека тимот на Баер Леверкузен.

Во останатите средби од денешната програма: Арминија Билефилд-Келн 1:0, Аугсбург-Борусија Дортмунд 2:0, Борусија Менхенгладбах-Унион Берлин 1:1, Баер Леверкузен-Лајпциг 1:1. Од 18.30 часот ќе играат Шалке и Вердер Бремен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот