Штулиќ: Во животот сакав само фудбал и свирење, но подобро да играв бадминтон

ФОТО: Принтскрин/Youtube

Прашан за револуција вели дека револуцијата не е проблем, туку што повторно истите луѓе ќе излезат на површина, зашто луѓето не можеш да ги промениш.

Некогашниот фронтмен на југословенската група Азра, Бранимир Џони Штулиќ во интервју на НИН зборуваше за неговата биографија, напишана од Иван Ивачковиќ, за распадот на Југославија, Јосип Броз-Тито, актуелната ситуација во светот, но и можноста повторно да засвири.

Штулиќ ја критикуваше биографијата „Помеѓу крајностите“ која се смета за водич низ албумите на Азра. Вели дека новинарот и критичар Ивачковиќ не знае ништо за него за да може да пишува за неговиот живот.

-Јас таа книга ја немам прочитано, но знам дека има 250 страници и дваесетина фотографии, што значи дека има помалку пишани страници. Јас издадов 14 албуми, така што, речиси цела книга може да се исполни со фотографии. Не знам што тој има за мене, освен она што може да го собере од албумите и нешто да говори за тоа, вели Штулиќ.

 

Вели дека треба да се направат нематеријали вредности кои се подобри од оние што ги имаме денеска.

Прашан за револуција вели дека револуцијата не е проблем, туку што повторно истите луѓе ќе излезат на површина, зашто луѓето не можеш да ги промениш.

Во интервјуто вели и дека му бил нуден пасош од Србија, но не го прифатил зашто не го ни побарал, а не сакал нешто да му се нуди со сила. Посочува дека не му недостасува Југославија, а од оваа перспектива смета дека подобро би било да се бавел со бадминтон. Сепак, појаснува дека во животот сакал две работи, а тоа се фудбалот и свирењето.

Штулиќ сепак вели во песните не го критикувал Тито, туку тоа биле универзални теми.

-Мене ми се допаѓаше Тито и ја сакав таа невистина и тој став. Сега, тоа е на површина, нормално. Сигурно имало стотици подруми под сето тоа. Што не значи дека баш се беше во ред, вели Штулиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот