Штрудла со јаболка (РЕЦЕПТ)

Состојки:

250 грама готови кори

200 грама јаболка

100 грама путер

500 грама шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

1 лажичка цимет

200 милилитри газиран напиток по ваша желба

Подготовка:

Пред да почнете со подготовка на штрудлата, вклучете ја рерната да се загрее на 150 степени. Потоа исечкајте ги јаболката на поголеми парчиња.

Растопете го путерот и почнете со постапката на редење на корите. Ставете ја првата кора и посипете со стопен путер. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите корите и путерот. На крај, ставете ги јаболката во кои претходно сте додале шеќер, екстракт од ванила, цимет и газиран напиток.

Ставете ја смесата во средина, а потоа од неа формирајте штрудла.

Добиената штрудла можете да ја премачкате со маргарин, путер или со јајце.

Печете на 150 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот