Штрајкува здравствената администрација: Бараат повисоки нето плати, како што вети Филипче (ФОТО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Здравствената администрација и административно- техничкиот персонал денеска излезе на штрајк пред Министерството за здравство.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Здравствената администрација и административно- техничкиот персонал велат дека се изманипулирани од страна на министерот за здравство д-р. Венко Филипче и здравствениот синдикат, за зголемување на нето платата.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

-До кога административно- техничкиот персонал ќе биде дискриминиран и манипулиран, бидејќи и овие вработени имаат семејства и се борат за опстанок- се запрашуваат од Независниот синдикат на административно- техничките работници.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Велат дека доколку не се исполнат нивните барања, како што се договориле со Министерот за здравство, Венко Филипче, протестите ќе се прошират на ниво на целата земја.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот