Штрајкува со глад лекарот кој и помогна на ЦИА да го пронајде и убие Осама бин Ладен

Шакел Африди со години лежи зад решетките откако неговата програма за лажна вакцинација им помогна на американските агенти да го пронајдат и убијат лидерот на Ал Каеда во 2011 година.

Пакистанскиот лекар кој им помогна на ЦИА да го пронајде и убие Осама бин Ладен, почна штрајк со глад од неговата затворска ќелија, соопштија денеска неговиот адвокат и семејството.

Шакел Африди со години лежи зад решетките откако неговата програма за лажна вакцинација им помогна на американските агенти да го пронајдат и убијат лидерот на Ал Каеда во 2011 година.

„Се протестира против неправдите и нехуманите ставови што се прават против него и неговото семејство”, рече неговиот брат Jамил Африди по средбата со Африди во затворот во централната провинција Пенџаб. Неговиот адвокат Камар Надем исто така го потврди штрајкот со глад.

Африди доби затворска казна на 33 години во мај 2012 година, откако беше осуден за врски со милитантите, обвинение кое тој секогаш го негираше.

Неговата казна подоцна беше намалена за 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот