„Штрајкујем ли ти нану“ (клошараано ситнопартиска)

агим јонуз

Ех, да е жива мојата учителка Слободанка Иванова, што ме описмени да ви пишувам колумни (на ваша жалост или радост). Госпоѓа жена со сите нишани. Таа беше страшен едукатор, ама пред се „воспитувач“.  Стар ков… нема трте-мрте има да слушаш и крај! Или го викам татко ти, па наместо ја, нека ти плесне шамар тој дома. Постхумно, еве ја поздравувам и сакам да спомнам јавно дека уште ги памтам двата шамара кога излажав дека имав (а немав) домашно. Ме фати „хант“ дека лажам. Не беше домашната у прашање, него „зашто лажеш“! Хахахаха,…

Те сакам учителке! А дали уште лажам!? Нееееееееее! ( wink, wink…) Фала ти за се.

Денеска, најголем дел од прволачињата знаат да читаат и да пишуваат пред да одат на школо. Интернет, игрици, мас информации, технологија на секојдневието и така. Арно ама, генерално филингот на „прв ден на учииште“ е единствен ден во животот што се памети. Првите зборови на учителот, првото „јас научив“.

Крастајци. Што научи бе дете денеска ај да видиме прв ден у школо? Го научив зборот штрајк! Аферим, а што е тоа? Не ни објаснија, ама дознавме дека тоа е кога идеш у школо а они ти викаат „ДОЏИ ЈУЧЕ“!  Аха! Значи ти знаеш што е доџи јуче, а не ти објасниле што е тоа штрајк! Е а вака синко, ја ке ти кажам иако знам дека нема да ме разбереш.

Кај нас кого му се дигне може да си штрајкува ( не читај ова „дигне’)…

Штрајковите кај нас се поише заебанција него реален, народен и сериозен штрајк. Обично, под диригентска палка на ситнопартиските интереси, се темпираат кога е најмалку потребно и кога тоа може најмногу да ѝ наштети на актуалната власт. Не бира кој штрајкува, битно е да се дигне прашина, да се растури убавата слика дека нешто се случува во државата, а на крај, секогаш некого од тие што се „коловоџи“ на штрајковите ке го видите после недела дена на поубаво работно место. Се е тоа ситнополитичка клошараана која знае што прави, за разлика од онаа група несреќници која ја извадиле пред влада или парламент и која им верува дека нешто ќе сменат.

Тука ќе ги приметиш и оние лузерски мини партии кои „го подржуваат штрајкот“ затоа што тие се секираат за народот и неговото добро. Предизборно си купуваат трошки од популарност и јавен настап „да се најде за избори“ коа ке треба. Исто како глувците по гаражи кои кога немаат што да јадат па си ги вежбаат забите на гумите од аутото. Гриц… гриц… додека не се издише гумата, а после сите „метак у својата мишја рупа“ и „ќути ко п*… у шифонски гаќи“.  Најголемиот успех на сите тие ситнопартиски стаорци е да ја „зарибаат машината“, да има пак избори, па на „трета мајка“ повторно да се обидат да се фатат во орото наречено политика и да бидат хероите на своето време. ГАМАД!!!

Дали лажам ако речам дека Македонија е единствената држава во која има штрајкувано и полиција и војска?! Држава у која штрајкуваат овие две… „најебали смо ко жути“.  

Во здрави држави, синдикатите се единствените носители на сериозни штрајкови кои носат ефект и кои се реалните претставници на незадоволството на работникот па бил тој и метач на улици, а не некој од круцијалните области. За да бидеме искрени пред себе , Бога, државата и иднината на земјата, мора да признаеме дека исполитизираноста на синдикатите создаде машинерија за манипулација на членството, а не неговото право да синдикатот се бори за неговото поубаво социјално функционирање како работник, како некој што својот труд го вреднува.

„Ј*бо те синдикат“ кој не е стожер на единство на пазарот на трудот и неговото право!

И, да им се вратиме на децата и нивното револуционерно откритие – зборот штрајк! Деца, штрајк не е „Каунтер страјк“ ( игра на компјутер). Тука има само еден заеднички елемент кој е сличен, а тоа е – уништување на противникот. На компјутер тоа е „бум- бум – трт“, а во општественото секојдневие тоа е „срање ти  е политиката, ти мора да паднеш“. Штета е само што на вашите мали мозочиња треба првиот ден да им се објаснува што значи тој збор. Сигурен сум дека и психолозите ќе се согласат со мене дека тоа е најблаго речено – траума!

А, што тресам овде, па самата држава е траума, сама по себе како функционира! А… лажам?

Кои се критериумите за да може да се каже дека една гранка од општеството штрајкува? Па, ако воопшто постои некоја колективна свест, на улица или да бојкотира функционалност мора да има барем девеесет (90%) од таа фела. Оние 10% секогаш ке ги има кои се „штрајкбрејкери“ и обично тоа се „стадото на работодавачот“ кој секако може да биде самата држава (актуелна власт).

Ако некој рече дека штрајкува, а „двојца без тројца“ и прават поголема штета на државата отколку што би било сето тоа да го преземаат здравите синдикати во раце, тогаш тоа е се само не штрајк!

Тоа се вика слабост на државниот апарат да се справува со „двајца без тројца“.

Септември. Месец на „ајмо сви назад у школске клупе“, на ајвар, на зимници, на спремање за долги зимски ноќи, а врела политичка метеоролошка прогноза. „Тепаниот –тепан, а е*аниот е*ан‘‘! Никој не постави јавно прашање да се загрижи дали на Боки 13 у Шутка му фали фарба за коса и 9% Хидроген. Јаден он, којзнае колкав израсток има.

П.С.

„ШТРАЈКУЈЕМ ЛИ ВАМ НАНУ“ бре стоко! И до децата стигна вашата трулост, вашата неспособност да бидете тоа што само глумите дека сте. Не бирате начин и средства да се пресметувате политички. Дури и „Изногуд“  во култниот стрип „Калиф уместо Калифа“ има усул, има етика па макар „во траги“. А, вашите траги оставаат траги, па не либејки се тие дури и да бидат жигосани во трепетот на едно прволаче… Ех, за вас само ( ај да си ќутам да не наебам и ја!)…

За тие пари, овој пат без пиво, имам киселина некоја! ( wink, wink…)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот