Штрајкот на наставниците во Хрватска доби поддршка синдикатот на полициските службеници

Фото: МИА

Хрватскиот синдикат на полициски службеници соопшти дека го поддржува штрајкот на вработените во образованието и најави дека ќе спроведе анкета меѓу своето членство за придружувањето.

Синдикатите на хрватската полиција порачуваат дека, во зависност од резултатот на анкетата, ќе почнат одредени акции што ќе ги интензивираат кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ, од 1 јануари следната година.

Синдикатите наведуваат дека ги поддржуваат луѓето од образованието бидејќи „меѓу владата и синдикатите воопшто нема дијалог, со оглед на тоа дека владата комуницира со синдикатите преку медиумите, место на маса со дијалог и аргументи”.

Поистоветувајќи се со штрајкувачите во образованието, полицајците тврдат дека како и тие се на дното од општественото скалило, а дека разликата е само во тоа што во образованието имаат сложени и агилни репрезентативни синдикати кои преговараат со аргументи и кои не се согласуваат да бидат поткупени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот