ШТРАЈК ВО ГРЦИЈА: Закажани протести на грчките острови најпогодени од проблемот со бегалците

Одлуката за штрајкот била донесена за време на состанок одржан под префектот надлежен за островите од северниот дел на Егејското море.

Следната среда, на 22 јануари 2020, на островите во северниот дел на Егејското море, односно оние што се најпогодени од бегалскиот/ мигрантскиот проблем ќе се одржи генерален штрајк поради владината политика за конкретното прашање, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, одлуката за штрајкот била донесена за време на состанок одржан под префектот надлежен за островите од северниот дел на Егејското море, а со цел локалното население да го изрази незадоволството од актуелната ситуација, но и од политиката на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на штрајкот, напладне ќе се одржи протест на трите острови кои припаѓаат во конкретната периферија (Лезбос, Самос и Хиос), а ден подоцна, на 23 јануари 2020 претставници предводени од префектот ќе пристигнат во Атина за да се сретнат со надлежните министри.

На трите острови, според официјалните податоци од грчката Влада, сместени се 35.172 бегалци и мигранти, од кои 21.480 на Лезбос, 7. 636 на Самос и 6. 056 на Хиос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот