Штрајк на рударите во Зеница, бараат неисплатена плата

Рудар. / Фото: Принтскрин

Рударите од рудникот за јаглен во Зеница од вчера одлучија да останат во јамите и на тој начин да протестираат поради доцнењето на платите.

Поради лоша здравствена состојба на најмалку тројца рудари, синоќа интервенираше екипа на брза помош.

Десетина рудари од првата смена влегоа во јамите на рудниците Страњани и Стара јама, а по завршување на работното време тие одбија да излезат и најавија дека ќе останат во јамите се додека не се исполнат нивните барања.

Одлуката ја донесоа откако дез договор завршија преговорите на нивни колеги со претставници на Владата на Федерацијата БиХ во текот на денот во Сараево.

Претседателот на синдикатот на рударите Нијаз Вардо рече дека рударите во попладневните часови во Стара јама почнале штрајк со глад.

Сметките на зеничкиот рудник се блокирани поради натрупан даночен долг кој надминува 70 милиони евра, поради што не им е исплатена платата на рударите за август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот