Штрајк на косовските лекари и просветни работници

Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата на Косово (СБАШК) и Федерацијата на синдикатите на здравството на Косово (ФСШК) денеска одржуваат штрајк во знак на револт поради одложување на примената на новиот Закон за плати од страна на косовскиот Уставен суд, јави дописникот на МИА од Приштина.

Двочасовен штрајк ќе се одржи во сите образовни институции, и тоа во детските градинки од 6.30 до 8.30, на сите универзитети од 8 до 10 часот и во сите основни и средни училишта во првите два школски часови во првата и во втората смена.

ФСШК објави дека денешниот штрајк на сите нивоа на здравството, со мото „Ги чекаме платите според новиот закон”, ќе трае од 7 до 15 часот и во тој период ќе се третираат само итни случаи.

Уставниот суд на Косово, на барање на народниот правобранител, ја одложи вчера за до 30 март идната година, примената на новиот Закон за плати, со кој се предвидуваше зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

Против оваа одлука на Уставниот суд реагираа и синдикатите на другите јавни сектори, меѓу кои и на полицијата и царините, кои исто така ја најавија можноста за штрајкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот