Штрајк на „Амазон” во Германија: Синдикатот бара признавање на колективните договори и зголемување на платите за 4,5 отсто

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Синдикатот „Верди“ повика на штрајк во шест објекти на „Амазон“ во Германија. Предвидено е штрајкот што почна доцна синоќа да трае четири дена. Ова е најновиот обид да се принуди американската група за е-трговија да ги признае колективните договори. Штрајк ќе има во Рајнберг, во Верн, во Кобленц, во Лајпциг и на две места во Бад Херсфелд.

„Верди“ се залага за зголемување на платите од 4,5 отсто за работниците, повикувајќи се на добри приходи во пандемија.

Германија е најголемиот пазар на „Амазон“ по САД. Компанијата тврди дека нуди одлична плата и поволности.

На почетокот на оваа недела, италијанските потрошувачи беа повикани од синдикатите да не купуваат од „Амазон“ за поддршка на штрајкувачите – 40.000 логистички работници, поради условите за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот