Штотуку породена мајка префрлена на Инфективната клиника на респиратор, бебето е во инкубатор

Архива

Родилка во тешка состојба на Гинеколошко акушерската клиника, позитивна на коронавирусот со породила со бебе 13 недели пред предвидениот рок. Мајката потоа во тешка состојба е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и се наоѓа на респиратор, потврдуваат од ГАК за „Слободен печат“. Бебето е во инкубатор и уште се чекаат резултатите дали е позитивно на коронавирусот. Мајката дала податок дека се заразила на свадбена прослава. Ова и било прво раѓање.

-Пациентката од вчера е префрлена на Инфективната клиника и во 27мата недела е извршено пораѓањето. Со ниска сатурација беше префрлена на Инфективната клиника. Даде податок дека се заразила на свадбена веселба во Куманово. Прво е третирана амбулантски во Куманово, а потоа болнички, па со позитивен тест е пратена кај нас. Бебето е во инкубатор и од минатата ноќ е стабилно. Го водиме во изолација од ковид позитивна мајка и не знаеме дали и тоа е позитивно, изјавија од ГАК за Слободен печат. Нема податок за кој сој на коронавирусот се работи.

На ГАК се наоѓа и уште една бремена жена која е ковид позитивна, но без симптоми. И таа дала податок дека член на нејзиното семејство бил на поголем настан во Гостивар, по што за неколку денови таа добила позитивен тест на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот