Штотуку Ирина се исели, Лејди Гага се вселува во куќата на Бредли Купер

профимедиа

По се изгледа дека сепак таа е виновна за раскинувањето на актерот и руската манекенка.

Веќе со месеци се шушка дека американската пејачка, 33-годишната Лејди Гага и американскиот актер 44-годишниот Бредли Купер се заедно, а неодамна магазинот In Touch пишуваше и дека парот го очекува своето прво дете. За истиот магазин сега извор близок на парот изјавил дека пејачката започнала да се вселува во куќата на Бредли вредна 13,5 милиони долари.

„Сега кога неговата врска со Ирина е завршена, Гага нема да дозволи Бредли да и се „лизне“ од рацете“. Таа дури пресели дел од нејзините работи во неговиот дом“, вали изворот и додава дека заедничкиот живот е логичен и во согласност со случувањата, бидејќи тие се силно заљубени.

„Тие повеќе не мора да се кријат ниту да се преправаат“, изјавил изворот.

Бредли наводно за Гага расчистил дел од ормарот, а на неа не и било потребно многу време за да го пополни.

„Купи многу фустани, чевли и нормално, долна облека“, тврди изворот за споменатиот магазин и вели дека пејачката придонела и за уредувањето на домот така што донела неколку парчиња мебел.

Магазинот наведува и дека набрзо тие ќе се венчаат бидејќи и двајцата силно го сакаат тоа.

„Нивната венчавка ќе биде голема и раскошна. Нормално, парот сака и деца. Би сакале на малата Леа (ќерката на Ирина и Бредли) да и подарат брат или сестра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот