Што значи затемнувањето на Месечината во Скорпија?

Unsplash
ФОТО: Unsplash

На 16 мај нè очекува второто затемнување на Месечината за оваа година, кое ќе биде емотивно моќно. Затемнувањето во Скорпија чисти сè што сме заклучиле во длабочината на душата, сме го турнале под тепих и не ни дозволува да го игнорираме. Принудени сме да погледнеме и да видиме.

Сè што се случило од крајот на април до денес е подготовка за промените што може да бараат од нас да бидеме подготвени за некој крај. Крајот на кој ќе посведочиме ќе остави простор за подобри цели за нас.

Прашањето е дали сме подготвени да ја пуштиме контролата и да дозволиме тоа што не ни користи и нè труе да излезе од нашите животи и светлина да продре на тоа место што ќе го осветли нашиот нов пат.

Оваа еклипса рециклира, чисти и ослободува без милост. Затоа, дозволете ѝ да го направи своето, на начин што нема да се спротивставува на она што треба да се промени. Имаме можност да разбереме каде ни протекува енергијата, зошто понекогаш имаме чувство на беспомошност и како да станеме посвесни за чувството на лична моќ и да сфатиме дека знаеме дека можеме подобро од она што го имаме во моментот.

Викенд хороскоп (13-16 мај): Спремете се за трансформација

Секоја полна месечина, а особено еклипсите, носат своевидна кулминација, доаѓаме до некаква реализација, цел и ќе откриеме што ни е важно во последните недели. И како да сме стигнале до крајот на некое патување, приведуваме нешто до крај и тргнуваме на ново животно патување, отворајќи нов циклус.

Кога ќе се откажеме од контролата, можеме да видиме како е полесно и поедноставно да се поврземе со другите на емоционално ниво, да создадеме интимност, да пристапиме кон остварувањето на она што ни е важно со повеќе страст и верба.

Можеби ќе откриете манипулација, тајна, предавство, можеби ќе видите каде се одвива борбата за моќ и ќе одлучите дека таа ве исцрпува и не сакате да продолжите така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот